Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност

Пред повеќе од една година, снимателка беше смртно застрелана од пиштол-реквизит додека снимаше филм со Алек Болдвин. Сега холивудската ѕвезда и оружарката треба да бидат кривично гонети.

Холивудската ѕвезда Алек Болдвин ненамерно и нанесе смртоносни повреди од пиштол на камерманката Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“ („Rust”). Сега обвинителката на Њу Мексико најави дека ќе покрене обвинение против актерот за убиство  од небрежност.

Обвинителката Мери Кармак-Алтвис вчера соопшти дека покрај за Болдвин обвинение  за убиство од небрежност ќе биде покренато и за оружарката на филмот Хана Гутиерес Рид, по повеќе од една година истрага за фаталниот инцидент во октомври 2021 година на филмскиот сет во близината на градот Санта Фе.

Помошникот на режисерот, Давид Халс, потпишал договор за признавање на вината за обвинението несовесно користење смртоносно оружје, рече обвинителката.

„По темелниот преглед на доказите и законите на државата Њу Мексико утврдив дека постојат доволно докази за поокренување на обвинение против Алек Болдвин и останатите членови од филмската екипа на филмот ‘Рѓа’“, рече Кармак-Алтвис.

Според законот на Њу Мескико, ненамерното убиство е казнено дело од четврт степен и е казниво до 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари.

Хачинс беше убиена кога пиштолот-реквизит со кој Болдвин вежбал за време на снимањето го испукал првиот куршум кој ја погодил неа и режисерот Жоел Соуза, кој преживеа.

Филмскиот сет на „Рѓа„ („Rust“) во Њу Мексико
Филмскиот сет на „Рѓа„ („Rust“) во Њу Мексико

Адвокатот на семејството на Халина Хачинс нагласи дека семејството е задоволно поради тоа што полицијата докажала оти „никој не е над законот“.

„И нашата приватна истрага дојде до истиот заклучок. Наоѓаме утеха во тоа што тука навистина никој не е над законот. Ги поддржуваме обвинувањата и максимално ќе соработуваме со обвинителството кое го штити овој народ и се залага секого кого треба да го стигне соодветна казна“, вели адвокатот на семејството.

Од друга страна, адвокатот на Алек Болдвин тврди дека во прашање е грашка и најавува продолжение на нивната борба.

„Во прашање е голема грешка на правдата. Мојот клиент немал причина да верува оти во пиштолот има вистински куршум или каде било на филмскиот сет. Се потпирал на зборот на професионалци, кои го увериле дека сѐ е под контрола. Ќе се бориме против овие обвинувања и ќе победиме“, сигурен е тој.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …