Петровска со документ ги демантираше лагите на Ковачки за измислениот случај

Петровска со документ ги демантираше лагите на Ковачки за измислениот случај

Членката на ЦО на СДСМ и министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска од собраниската говорница, во одговор на пратеничко прашање, со документ ги демантираше лагите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и најави судска разрешница за пласираните невистини.

  • Причината за вашиот бес и немоќ да се справите со тужбата е тоа што всушност ве натера да излезете на оваа говорница и тоа да го читате. Најновата ваша лага, дека припадници на военото разузнавање биле уапсени во Косово. Почитувана јавност, ќе погледнам горе, како што овој пратеник милува да гледа, ова е официјален допис од косовските авторитети, кои тврдат дека таков настан со македонски припадници на воено разузнавање немало. Немало! Еве го дописот. И за ова ќе се видиме на суд и ќе го прочитате, ќе го разгледате, ќе видите што ви е јасно, а што не ви е јасно, рече Петровска.

Таа додаде дека пратеникот Ковачки единствено се служи со дезинформации и ширење лаги.

    • Почитуван пратеник, очекував од вас дека ќе зборувате за тоа што се случува во Армијата. Очекував дека ќе сакате да дознаете кои се плановите на Армијата и на Министерството за одбрана. Во изминатиот период покажавте дека единственото нешто кое ве интересира е сеење дезинформации и ширење лаги. На лагите одговарам со вистина и ништо повеќе. Јас стојам денеска исправена и одговарам за својата работа, а за тоа што вие ќе одговарате, набрзо ќе знае јавноста, рече Петровска.

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …