Ќе се врати евтината тарифа на струјата, но од кога, ќе зависи од анализа на Регулаторна

Ќе се врати евтината тарифа на струјата, но од кога, ќе зависи од анализа на Регулаторна

Најголем дел од потрошувачите во овој период се пензионерите кои, пак, во време на ковид пандемијата беа единствени кои навремно и редовно ги подмируваат сметките, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) планира да ја врати евтината тарифа  бидејќи падна цената на струјата на светската берза. Како што за Мета.мк изјави претседателот на РКЕ, Maрко Бислимовски, евтината дневна тарифа ќе се врати, но во кој часовен интервал и опсег ќе зависи од податоците што ќе ги даде анализата која ја прави РКЕ во моментов.

„Свесни сме дека најголем дел од потрошувачите во овој период се пензионерите кои пак во време на ковид пандемијата беа единствени кои навремно и редовно ги подмируваат сметките. Токму поради ова правиме напори за да се најде модел за да се врати евтината дневна тарифа“, вели Бислимовски.

Решението ќе се бара, додава тој, во користење на сончевата енергија од страна на ЕСМ или ЕВМ Хоум.

„Дали тоа ќе значи да се купува на берза кога е цената ниска или да се склучат договори со новите произведувачи – има многу опции, треба да се одбере најдобрата што ќе значи евтина дневна струја за домаќинствата“, вели Бислимовски.

Евтината дневна тарифа за граѓаните беше укината на 1 јануари 2021 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Пред нејзиното укинување, граѓаните можеа да користат евтина струја секој ден во периодот помеѓу 14 и 16 часот. Во моментов, евтина струја за граѓаните има само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден, како и цел ден во недела.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …