Екипите на „Пелагонија“ и „Вардар“ нови членови на пинг-понгарската Супер лига

Екипите на „Пелагонија“ и „Вардар“ нови членови на пинг-понгарската Супер лига

Изминатиот викенд заврши регуларниот дел од Супер лигата и Првата лига на Македонија во пинг-понг.

Со освоеното прво место во Првата лига за мажи за сезоната 2022/23, екипата на ППК „Пелагонија“ од Битола обезбеди директен пласман во пингпонгарската Супер лига за следната сезона, заедно со второпласираната екипа на ППК „Вардар“ од Скопје.

Во баражот за влез во Супер лигата ќе играат екипите на ППК „Астраион“ од Струмица и ППК „Телеком Нец“ од Скопје, против екипите на ППК „Младост“ од Прилеп и ППК „Работнички“ од Скопје.

Во плеј-офот за титулата на државен првак ќе се сретнат екипите на ППК „Младост 96“ од Прилеп против ППК „Зегин Берово“ од Берово и ППК „Телеком Нец 2“ од Скопје против ППК „Шампион Фа“ од Штип.

Првите полуфинални натпревари од плејофот ќе се играат на 20.05.2023.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …