Богоев

Богоев: Заплените зголемени за 30 проценти, а кривичните пријави за 60 проценти (ВИДЕО)

Бројот на случаи на заплени од страна на Царинската управа во годинава што измина е зголемен за речиси 30 проценти, а за 60 проценти е зголемен и бројот на поднесени кривични пријави

Резултатите во делот на сузбивање на шверцот, нелегалната трговија и корупцијата се веќе видливи, истакна директорот на Царинска управа Стефан Богоев на брифингот со новинарите одржан денеска со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, на кој беа презентирани резултатите од 2023 година.

Царинската управа спроведува и неколку проекти за сузбивање на шверцот, нелегалната трговија и корупцијата. Со грант од Кореја во висина од 4,8 милиони долари се спроведува проект за имплементација на систем за анализа на ризик и податочен склад, а се очекува да започне имплементацијата на новиот систем за Секторот за контрола и истраги, кој вклучува хардвер и софтвер и дополнителна опрема за контроли во висина од 2 милиони евра обезбедени преку фондовите на ЕУ. Започнува поставувањето на системот на паметни камери за надзор и препознавање на регистарски таблички на граничните премини – проект вреден еден милион евра обезбедени од Светска банка, а царинските службеници на најфреквентните премини ќе бидат опремени со телесни камери, преку програми поддржани од амбасадата на САД. За сузбивање на шверцот, корупцијата и организираниот криминал значително ќе придонесе и новоформираниот Сектор за посебни истражни мерки во Царинската управа.

Прочитајте повеќе

САД не сакаат да испорачуваат оружје за голем напад на Рафах

САД не сакаат да испорачуваат оружје за голем напад на Рафах

Американскиот претседател Џо Бајден се закани со натамошно ограничување на испораката на воена опрема за …