земјотрес во Албанија

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после полноќ, а епицентарот се наоѓал 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија

Земјотрес со локална магнитуда од 4,5 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа се случил во Албанија. Земјотресот го регистрирала и телеметриската сеизмолошка мрежа на РС Македонија на сеизмолошките станици инсталирани ширум земјава и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил регистриран синоќа 17 минути после полноќ, а епицентарот се наоѓал 173 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Според опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Охрид, Струга, Гостивар и Скопје со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За земјотресот информираше и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, од каде објавија дека епицентарот на земјотресот бил на 22 километри југозападно од градот Елбасан во Албанија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Kондовецот Агим Красниќи уапсен во Косово, бегалец е од затворот во Штип

Kондовецот Агим Красниќи уапсен во Косово, бегалец е од затворот во Штип

Уапсени се тројца државјани на Северна Македонија во Урошевац, Косово меѓу кои и бегалецот од …