Министер за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул

Малолетници во притвор за планирање терористички напад во Германија

Четворица малолетници на возраст од 15 и 16 години завршија во истражен затвор поради сомнение дека планирале терористички напад. Тие, наводно, го подготвиле нападот „во согласност со целите и идеологијата на Исламската држава“, објави вчера провинциското обвинителство во Дизелдорф, пренесе германската новинска агенција ДПА.

Во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија уапсени се петнаесетгодишно девојче од Дизелдорф, нејзина врсничка од Липштад и шеснаесетгодишно девојче од Изерлон. Уште еден 16-годишник е уапсен во Остфилдерн во Баден-Виртемберг, изјави министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Реул.

„Осомничените се согласиле да го сторат кривичното дело убиство во врска со подготовка на тежок чин на насилство што би ја загрозил државата“, изјавиле од истрагата.

Полицијата, рече Ројл, прво дознала за малолетничката од Изерлон бидејќи имало индиции дека сакала да ја напушти земјата за да се приклучи на Исламската држава. За тоа разговарала со девојката од Дизелдорф. При претрес на нејзиниот мобилен телефон, инспекторите откриле друг разговор за плановите за нападот.

Според истрагата, лидер на групата бил малолетник од Липштад.

Наводно, немало конкретен план за напад со време и место. Сепак, се зборувало за Дортмунд, Дизелдорф и Келн и употреба на ножеви и молотови коктели. Како мети се спомнувале луѓето во црквите и полицајците во станиците.

При претресот во Дизелдорф запленети се мачета и кама. Таткото на осомничениот од Дизелдорф е веќе забележан од полицијата за собирање донации за Исламската држава.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Хакерски сајбер напад

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или …