Прилепските гимназијалци приредија музички времеплов на „Гимфест“

Прилепските гимназијалци приредија музички времеплов на „Гимфест“

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ по осми пат, во центарот за култура „Марко Цепенков“ го организираше музичкиот фестивал „Гимфест 2018“.

„Оваа година по осми пат го организираме ‘Гимфест’, фестивалот на младите луѓе од гимназијата, кој што има натпреварувачки карактер. Секоја година има различни музички теми што ги обработуваат нашите ученици. Оваа година темата ја нарековме ‘Времеплов’ со песни од 50-те, 60-те и 70–те години. Учествуваат 17 натпреварувачи, а првите тројца ќе добијат награди“, изјави Димче Настески, в.д  директор на гимназија „Мирче Ацев“.

Општина Прилеп го поддржа настанот, како и голем број институции и фирми од градот. „Гимфест“ е средношколски музички фестивал, единствен од ваков тип во државата, со натпреварувачки карактер, за најмузикалните средношколци.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче: Верувам дека ниеден наш член не сака да ја види СДСМ на колена, а ВМРО-ДПМНЕ разулавена и без контрола

„Јас знам дека сите оние кои се незадоволни сакаат да испратат порака. Но, силно верувам …