Драги мои сограѓани од православна вероисповед,
Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, со желби за духовен мир, слога и благосостојба во домот.
Ви посакувам, Велигденските празници да ги поминете во добро здравје, со добра мисла, со љубов кон најблиските, саканите, со милост за немоќните. Чествувањата да бидат и годинава во духот на толеранцијата и взаемната почит, со почит на различностите и верските слободи на сите граѓани.
Ви посакувам весели празнични денови, со љубов и радост во срцата.