Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски победија на Скопскиот маратон

Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски победија на Скопскиот маратон

Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски се победници на 17-тото издание на Виз Ер Скопскиот маратон што се трчаше денеска во главниот град. Двајцата успеаја да постават нови државни рекорди во своите категории.

Во женска конкуренција, Адријана Поп Арсова успеа да стигне на целта за 2 часа, 20 минути и 36 секунди, при што за три секунди беше побрза од натпреварувачката Силвија Јукаила од Еквадор, додека третото место ѝ припадна на Билјана Кираџиева.

Кај мажите, Дарио Ивановски оствари најдобар резултат од 2 часа, 21 минута и 27 секунди, втор беше Младен Стевановиќ од Босна и Херцеговина, додека на третата позиција се најде Давид Перлих од Германија.

На полумаратонот, првата позиција ја освои Митко Ценков од Бугарија, додека во женска конкуренција најбрза беше Миљана Ристиќ.

Инаку, на 17-тото издание на Виз Ер Скопскиот маратон учествуваа над 6.000 тркачи, додека настанот се одржа под специјален протокол за заштита од ковид-19.

Стартот и целта на овогодинешниот маратон беше од платото пред Спортски центар Борис Трајковски, а патеката по која трчаа учесниците остана иста како и минатите години. Натпреварувачите трчаа маратон, полумаратон и штафетен маратон.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …