Каракачанов поднесе оставка од лидерската позиција во бугарското ВМРО, неговиот сопартиец Стојанов уапсен за купување гласови

Каракачанов поднесе оставка од лидерската позиција во бугарското ВМРО, неговиот сопартиец Стојанов уапсен за купување гласови

Претседателот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, кој долги години е на таа функција, си поднесе оставка поради слабите резултати на партијата на последните парламентарни избори.

Покрај него, оставки дадоа и неговите заменици – европратеникот Ангел Џамбаски, потоа Искрен Веселинов, Атанас Стојанов и Милен Михов. Стојанов, кој е градоначалник на Сандански, неколку часа пред оставката беше уапсен за купување гласови и задржан на 24 часа.

Каракачанов во последната политичка влада беше вицепремиер и министер за одбрана. Тој, заедно со Џамбаски е еден од најгласните пропагатори на тезите за бугарскиот идентитет на Македонците и за целосно „бугарска“ историја на македонското подрачје.

Инаку, ВМРО зеде само околу 1 отсто од гласовите, според сегашните неофицијални резултати, што е далеку под цензусот за влез во парламентот. И на вонредните избори во јули не успеаја да влезат во парламентот.

Сепак, Каракачанов и покрај оставката, ги повика партиите што ќе влезат во парламентот да не отстапуваат „од заштитата на бугарските интереси во Македонија“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …