Инциденти за време на подготовките за избори на северот на Косово

Инциденти за време на подготовките за избори на северот на Косово

Неколку инциденти се случија вчера во Зубин Поток и Северна Митровица, општини со српско мнозинство на северот на Косово, соопшти косовската полиција. Полицијата тврди дека „маскирани лица и групи ги оштетиле канцелариите на општинските изборни комисии на северот на Косово“, користејќи „опасни средства, вклучително и рачни бомби од југословенско производство“. Полицијата ја придружуваше Централната изборна комисија на Косово на барање на Комисијата, со цел да и помогне во подготовките за одржување локални избори во општините на северот на земјата. Станува збор за подготовка на избори во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, кои се закажани за 18 декември. Полицијата соопшти дека немало повредени, но дека биле „демолирани канцелариите на општинската изборна комисија“.

Ескобар: Ќе се спроведе одлуката за формирање Заедница на српски општини

„Организирани групи со маски ги нападнаа службениците и полицајците на општинската изборна комисија“, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Џелаљ Свечља. Тој наведе дека изборите се основно право на секој граѓанин во една демократска држава и дека членовите на изборната комисија и полицајците се спречени да ја вршат својата должност. Некои српски медиуми претходно објавија дека во вторникот попладне се слушнале две експлозии во Зубина Поток, а уште три во Северна Митровица – двете општини во северниот дел на Косово населени претежно со Срби. Според тие медиуми, експлозиите се случиле во моментот кога членови на Општинската изборна комисија придружувани од припадници на косовската полиција влегле во просториите на општинската зграда во Зубин Поток.

ЕУ подготви нов предлог за односите меѓу Косово и Србија

Извори на РСЕ соопштија дека во Северна Митровица – исто така населена со мнозинско српско население – сирените за аларм се слушнале нешто пред 15:00 часот. Како што дознава РСЕ, членови на општинската изборна комисија во присуство на косовската полиција се обиделе да влезат во седиштето на општинската изборна комисија на улицата Колашинска во Северна Митровица. Пред самата општинска изборна комисија се слушнаа три силни детонации, а воедно и сирени за аларм. Претседателката на Косово, Вјоса Османи, оцени дека ситуацијата на северот на Косово може да ескалира бидејќи, како што наведе, „криминалните групи се поддржани од претседателот на Србија, Александар Вучиќ“. Османи посочи дека целта е дестабилизација на Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Kондовецот Агим Красниќи уапсен во Косово, бегалец е од затворот во Штип

Kондовецот Агим Красниќи уапсен во Косово, бегалец е од затворот во Штип

Уапсени се тројца државјани на Северна Македонија во Урошевац, Косово меѓу кои и бегалецот од …