Македонија

Вести и новости од Македонија.

За 50 милиони евра биле купени 15 амбасади и конзулати на лоши локации

За 50 милиони евра биле купени 15 амбасади и конзулати на лоши локации

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски на денешната прес-конференција обелодени дека во текот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, биле направени огромни злоупотреби при купување и реконструкции на објекти за амбасади, конзулати и резиденци во Виена, Прага, Будимпешта, Љубљана и Истанбул. Тоа е утврдено со  увид во документацијата за …

Прочитајте повеќе »

Османи предупреди за ризици ако не почнат преговори за зачленување со ЕУ

Османи предупреди за ризици ако не почнат преговори за зачленување со ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешниот традиционален појадок што го организираше во Клубот на пратеници во Скопје, предупреди на ризици од раслојување и екстремизам во Македонија, ако наскоро не почнат преговори со ЕУ за зачленување. – Губењето на надежта за ЕУ и НАТО членство ќе придонесе младите луѓе …

Прочитајте повеќе »

ССМ: Нормата повеќе нема да биде основа за исплата на минималната плата

ССМ: Нормата повеќе нема да биде основа за исплата на минималната плата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска соопшти дека Уставниот суд минатиот месец ги укинал членовите од законот во делот за нормираниот учинок. Со ова, според ССМ, ќе се овозможи исплатата на минималната плата за сите работници во државата, без условување со остварување на нормата наметната од работодавачот. ССМ поведе …

Прочитајте повеќе »

Ден на победата над фашизмот

Ден на победата над фашизмот

Светот денеска го одбележува Денот на победата над фашизмот. На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествуваа 61 земја, со вкупно 2,1 милјарда жители или 96 отсто од светското население и која однесе повеќе …

Прочитајте повеќе »

Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од министерот Спасовски за изјавата на Хоџа

Фракционерите на ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од министерот Спасовски за изјавата на Хоџа

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ангажирањето на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник ја сметаат за контроверзна и бараат да си поднесе оставка. „Што е контроверзно во изборот на Џезаир Шаќири-Хоџа за советник во премиерскиот кабинет? – праша вчера министерот за внатрешни работи …

Прочитајте повеќе »

Променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд

Променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока од 21 до 27 Целзиусови степени. Во …

Прочитајте повеќе »

„Диво Насеље“: Три години, малку вистински одговори, многу прашања и шпекулации

„Диво Насеље“: Три години, малку вистински одговори, многу прашања и шпекулации

„Диво Насеље“, еден од најголемите случаи оквалификувани како тероризам во современата македонска историја, со осум загинати и 37 ранети припадници на МВР и 10 убиени напаѓачи и по три години е уште далеку од конечна судска развршница. На 2 ноември минатата година, две години и пет месеци по настаните 9 …

Прочитајте повеќе »

Турската амбасадорка го нарече колеџот „Јахја Кемал“ терористичка организација

Турската амбасадорка го нарече колеџот „Јахја Кемал“ терористичка организација

„Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“, со овие зборови за Приватното гимназиско училиште„Јахја Кемал“, турската амбасадорка  во Македонија, Тулин Еркал Кара, ја промовираше Фондацијата „Мариф“ вчера во Скопје, пишува „Portalb.mk“. Покрај тоа, таа апелираше до родителите, децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку во иднина не сакаат …

Прочитајте повеќе »