Пред повеќе години, излезе спот од Volkswagen каде една стара бабичка го продава својот VW Golf. Купувачите од спотот се убедени дека купуваат Golf кој „баба го возела“, но во спотот се прикажани и нејзините каскадерски возачки вештини на кои би и завидел и Шумахер.
Откако бабичката од претходниот спот на Volkswagen го продаде својот Golf, нејзиниот живот стана тажен и сè ја потсетуваше на убавите моменти што ги помина со својот VW Golf.
Во новата реклама за спортските GTX електрични модели ID.4 и ID.5 на Volkswagen, бабичката е повторно во потрага по нов лимен љубимец каде при посетата на салонот ги покажува своите каскадерски возачки способности.