Шумските пожари во Грција деветти ден по ред горат

Шумските пожари во Грција деветти ден по ред горат

Големите шумски пожари во североисточна Грција во близина на границата со Турција продолжија да горат деветти ден по ред. Условите за пожарникарите се многу тешки и надежите за локализирање на пожарот се уште не се на повидок.

Заменик-гувернерот на регионот, Димитрис Петрович, изјави дека се очекува в ппонеделник посилни ветрови кои може да ги прошират пожарите.

„За жал, не гледаме дека фронтот може да се задржи и да се стави под контрола“, рече тој.

Регионалните власти повторно апелираат за повеќе пожарникари. Околу 74.000 хектари се изгорени во североисточниот дел на Грција, од кои 13.000 само во националниот парк Дадија, објавија грчките медиуми.

Европската комисија го опиша како најголемиот поединечен пожар во историјата на Европската унија.

Во вторникот во Еврос беа пронајдени јагленисани тела на 18 лица, за кои се верува дека се мигранти. Во петокот беа откриени уште две тела.

Пожарите на шумите и грмушките продолжија да горат и во други делови на земјата, но повеќето од пожарите беа држени под контрола или ставени под контрола во текот на викендот.

Пожарите кои сега се под контрола вклучуваат во северниот дел на западно од Атина и на островите Андрос и Евбеја. Грчките власти за цивилна одбрана соопштија дека вкупниот ризик од шумски пожари е намален во споредба со минатата недела.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …