Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп - Градско во целосен прекин

Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско во целосен прекин

Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка река, кај с.Раец, од 07:20 часот сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско – Прилеп е во целосен прекин. На клучката кај местото викано „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај Плетвар пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …