Ученикот Давид Ставров медал Волос

Ученикот Давид Ставров освои бронзен медал на економската олимпијада што се одржа во Волос

Тимот што ја претстави Македонија беше составен од учениците Стефанија Кузмановска, Рина Толева, Давид Ставров и Давид Арсовски, а лидери на тимот беа Анета Гацовска – Барандовска и Стево Ѓоргиев од Природно-математичкиот факултет во Скопје

Давид Ставров, ученик од Македонија, освои бронзен медал на шестата меѓународна економска олимпијада, која се одржа во Волос, Грција. Ова е второ учество на нашата земја на оваа олимпијада која се одржа од 25 јули до 2 август, во конкуренција со 50 тимови од 48 земји во светот.

„Учениците се натпреваруваа во три дела – тест од економија, игра за финансиска писменост и бизнис студија. Олимпијадата се одржа во хибриден формат, дури 15 тимови оваа година беа собрани на едно место, во Волос. Домаќини беа колегите од Одделот за економија при Универзитетот на Тесалија од Волос. Нашиот успех е уште поголем зошто во вкупните поени се зема предвид и тимскиот успех при изработка на бизнис студијата, каде нашиот тим заврши како втор во групата“, информираат од Сојузот на математичари на Македонија (СММ).

Тимот кој ја претставуваше Македонија е составен од учениците кои беа најдобро пласирани на Првата македонска економска олимпијада одржана на крајот на мај во организација на Сојузот на математичарите на Македонија. Тоа се учениците Стефанија Кузмановска од Математичко-информатичката гимназија во Скопје, Рина Толева од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, Давид Ставров од училиштето „Алгоритам“ и Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје. Лидерите на тимот беа Анета Гацовска – Барандовска и Стево Ѓоргиев од Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Нашиот тим се претстави и повеќе од одлично. Меѓу големиот број водечки економии во светот, го освоивме 22. место во генерален пласман. Посебно сме горди сме што оваа година го освоивме и првиот медал на оваа олимпијада“, наведено е во соопштението од СММ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …