Украина ги обвинува Русија и Белорусија за трупање нови сили долж нејзината граница

Украина ги обвинува Русија и Белорусија за трупање нови сили долж нејзината граница

Украинските власти денеска ги обвинија Русија и Белорусија дека доведуваат дополнителни воени сили и опрема на Крим и на белоруско-украинската граница, пренесува Укринформ.

„Целта е да се обидат да се подготват за да извршат офанзива за опколување на Киев“, изјавија од украинското Министерство за одбрана.

Во однос на Русија, Украина обвинува дека нејзината војска доведува дополнителни војници и војска на Крим и на белоруско-украинската граница. Воедно, украинските власти тврдат дека Белорусија распоредила четири батаљони во близина на нејзината граница со Украина. Дополнително, тие обвинуваат дека белоруската војска веќе е вклучена во гранатирање на локации долж белоруско-украинската граница.

Покрај борбите во Мариупол коишто продолжуваат, украинското Министерство за надворешни работи денеска обвини дека Русија извршува присилно раселување на илјадници жители од овој пристаништен град на руска територија, пишува Би-би-си.

Опсадата на градовите Чернихив и Суми на североистокот од Украина продолжува, при што украинските власти денеска соопштија дека милиони жители на Украина од повеќе од десет градови немаат пристап до вода за пиење, поради воените дејствија на руските воени сили, известува Укринформ.

Руската војска изминатово деноноќие тврди дека го презела градот Изиум во Харковската област, додека украинската армија информира дека руската војска се обидува во целост да ги освои административните територии на Донецката и Луганската област.

Поради ширење на “неавтентични информации” за Украина, Русија денеска го блокираше Гугл Њуз на нејзина територија. Забраната на Гугл Њуз доаѓа само неколку часа откако Гугл објави нема да дозволи во меѓународни рамки да се монетизира искористувањето и оправдувањето на војната во Украина преку неговите алатки, пишува весникот Гардијан.

Прочитајте повеќе

газа

Најмалку 60 загинати при израелски воздушни напади низ Појасот Газа

Во текот на изминатите две недели, Израел ја погоди опколената палестинска територија со жестоки бомбардирања, …