СДСМ: Победа над фашизмот и Европа се наши темелни вредности

СДСМ: Победа над фашизмот и Европа се наши темелни вредности

Соопштение за јавност на СДСМ

СДСМ на сите граѓани им го честита Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

На денешен пред 78 години беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја.

Победата над фашизмот отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа.

Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ.

Државноста на Македонија почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.

Нашите предци, во антифашистичката борба, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава. Нашата борба, сега е да се избориме за европска иднина на македонската држава.

СДСМ секогаш е на вистинската страна на македонската историјата, од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со Европската унија.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …