Младиот програмер Небојша С. (30) денеска во Белград убил свој поранешен колега и ранил двајца, по што се разнел со бомба, јавија српските медиуми. Убиецот пред неколку дена добил отказ во софтверската фирма „Стопански советник за информациски технологии“, а денеска се вратил таму, прво ја поздравил колешката и ладнокрвно се …
Прочитајте повеќе »Глобус
Останките на Амелија Ерхарт идентификувани на мал пацифички остров
Коските пронајдени во 1940 година на островот Никумароро во Тихиот Океан најверојатно се од познатата пилотка и авантуристка Амелија Ерхарт, се вели во нова форензичка студија објавена во едно од научните списанија во САД. Ерхарт, нејзиниот навигатор и авионот во којшто биле, исчезнале без трага во 1937 година некаде над …
Прочитајте повеќе »Мицотакис го обвини Ципрас дека игра на картата на поделба
Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повторно игра на картата поделба, бидејќи сакал да направи поделба во опозицијата, но не му успеало, а истото сакал да го стори и со народот кога ги нарекол радикални десничари оние што учествувале во протестите. Според …
Прочитајте повеќе »Огромна дупка во Рим проголта седум автомобили
Над 20 семејства се евакуирани вчеравечер во населбата Балдуина на северозападот на Рим, откако нешто пред 18 часот се отворила голема дупка во која пропаднале седум автомобили. За среќа нема повредени. Земјиштето пропаднало создавајќи дупка длабока околу 10 метри, а некои жители велат дека претходно чувстувале тресење на подовите кога …
Прочитајте повеќе »Атинскиот градоначалник за солунскиот колега: Бутарис е вистински патриот
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис откако се најде под жесток притисок за предлогот за евентуална промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“, доби поддршка од својот атински колега Јоргос Каминис, кој на „Твитер“ го опиша како „вистински патриот“. „Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис …
Прочитајте повеќе »Загинаа 71 човек во несреќа на руски патнички авион во Москва
Руски патнички авион со 71 патници се урна набргу по полетувањето од московскиот аеродром Домодедово, јавија руските медиуми. Авионот Антонов Ан-148 на компанијата Саратов ерлајнс летал од аеродромот Домодедово кај Москва до Орск на јужен Урал, јави Интерфакс. Извор од службите за итна помош изјавил дека авионот се урнал во …
Прочитајте повеќе »Владата на Орбан лани потрошила 40 милиони евра на анти-Сорос пропагандата
Вкупно 40,5 милиони евра потрошила минатата година Владата на Унгарија на пропагандата против невладините организации и Институтот „Отворено општество“ на американскиот мултимилијардер роден во Унгарија, Џорџ Сорос, пишува унгарскиот центар за истражувачко новинарство „Atlatszo“, изнесувајќи ги резултатите од своето истражување. Притоа, истражувачките новинари утврдиле дека третина од тие пари завршиле во џебот …
Прочитајте повеќе »Папата и Ердоган сметаат дека не треба да се менува статусот на Ерусалим
Тероризмот не може да се доведува во врска со религиите, а борбата против ксенофобијата и исламофобијата треба да продолжи со заеднички сили, оцениле папата Франциск и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на нивната денешна средба во Ватикан, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Неименуван извор од канцеларијата на Ердоган за агенцијата …
Прочитајте повеќе »