Македонија

Вести и новости од Македонија.

Ретка фотографија од балканскиот рис

Балкански рис

Националниот парк „Маврово“ на својата фан страна на Фејсбук објави ретка фотографија од Балканскиот рис. Фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво

Прочитајте повеќе »

Герила акција во Битола – Ова не е паркинг!

Герила акција во Битола - Ова не е паркинг!

Жолти балони на кои пишува: „Ова не е паркинг“ се појавија на автомобилите што ги узурпираат јавните површини во Битола. Се работи за герила акција со која се бара од надлежните да ги ослободат тротоарите за пешаците.„Граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми кои го ограничуваат нивното движење и ја загрозуваат …

Прочитајте повеќе »

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

Општина Прилеп склучи договор со компаниите „Простор“ ДОО Куманово и „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“, Скопје за изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа. Од Општина Прилеп за „Мета“ велат дека во тек се изработката на идејниот проект за дистрибутивна мрежа и проектот за инфраструктура кои треба да завршат …

Прочитајте повеќе »

Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак. „Како и досега, Турција ќе продолжи …

Прочитајте повеќе »

Во Крушево по 10-ти пат ќе се одржи П.С. Гитар фест

Во Крушево по 10-ти пат ќе се одржи П.С. Гитар фест

Од 18 до 20 јули, во Крушево ќе се одржи десеттото јубилејно издание на П.С. Гитар Фест, започнат од Христо Христоски – Мулар, а втора година организиран од неговиот син, Перо Мулар. Настанот содржи солистички концерти на познати македонски и балкански гитаристи и музичари: 18.07.2019: Васко Пилиќев и Таќи Дробаров, …

Прочитајте повеќе »

Денеска сончево со локален дожд

Денеска сончево со локален дожд

Во нашата држава времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има појава на локален дожд, а во текот на ноќта облачно, со пообилни врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 31 степен Целзиусов, а УВ индексот 7.

Прочитајте повеќе »

ЦАРИНАТА НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА СПРЕЧИ НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 16,5 ТОНИ ЦИГАРИ И 13 ТОНИ ТУТУН ВО ЛИСТ

ЦАРИНАТА НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА СПРЕЧИ НЕЛЕГАЛЕН ВНЕС НА 16,5 ТОНИ ЦИГАРИ И 13 ТОНИ ТУТУН ВО ЛИСТ

Соопштение на Царинската управа за спречен шверц на цигари и тутун во лист: Царинската управа на Република Северна Македонија во рамките на своите редовни активности на граничните премини Табановце со соседна Србија и Богородица со соседна Грција спречи обиди за нелегален внес на цигари и тутун во лист наменети за …

Прочитајте повеќе »

Средба Заев – Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Средба Заев - Бездникин: Измамата на руските граѓани нема никакво влијание на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја Сергеј Александрович Бeздникин. Средбата е остварена непосредно по свеченоста по повод пуштањето на новиот објект на компанијата Лукоил, што ги потврдува развојните планови на оваа руска компанија и укажува на можностите …

Прочитајте повеќе »