Македонија

Вести и новости од Македонија.

Ветерот го исфрли сметот од Охридско Езеро на кејот

Силниот јужен ветер го исфрли сметот од Охридско Езеро на кејот и на пристаништето. Екипи на „Охридски комуналец“ од рано утрово работат на расчистување на отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Од Општина Охрид информираат дека ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите …

Прочитајте повеќе »

Готмелер: НАТО се надева на решение за името

Многу е добро што прашањето за името е високо на агендата и се надеваме дека може да се создаде позитивен моментум, вели заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готмелер, во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописникот на МИА од Атина. Во однос на членството на Македонија во Северно-атлантската алијанса, таа …

Прочитајте повеќе »

И Халили утре ќе поднесе оставка, не можел да го трпи притисокот врз Антикорупциска

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Сејди Халили за порталот „Порталб“ изјави дека утре ќе поднесе оставка, бидејќи не може да го трпи притисокот од јавноста. Тој вели дека сака да отвори пат за реализација на новите политики во борбата против корупцијата. „До вечер сум член на Комисијата, утре …

Прочитајте повеќе »

Основното училиште “Гоце Делчев“ дел од проектот „Еразмус+ Улица“

Во рамките на проектот „Еразмус+ Улица“, во периодот од 14 до 20 февруари, претставници на ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп присуствуваа на првата LTT средба за обука на наставници, која се одржа во Сан Себастијан – Доностија, Шпанија, на тема „Повеќејазичноста и образованието“. Покрај размената на искуства од областа на …

Прочитајте повеќе »

Дружба на пензионерките од „Рид“ и домот „Спиро Забрчанец“ во пресрет на „8-ми Март“

Во пресрет на денот на жената, „8-ми Март“, над 250 пензионерки од урбаните заедници „Рид“ и „Варошко маало“, „Бончејца“ и „Точила“ во своите пензионерски ограноци денеска се собраа на заедничка дружба. Со звуците на убавата македонска музика, со песна и оро, тие заедно го прославија празникот денот на жената. Градоначалникот …

Прочитајте повеќе »

Заев: Ако сакаме решение на спорот околу името, не треба да ставаме никакви црвени линии

Изјава за медиуми и одговори на новинарски прашања, Зоран Заев, претседател на СДСМ: Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Ви благодарам на вниманието со коишто го следите овој процес. Секако, тој е дел од политичките процеси којшто се случуваат во Македонија, заради тоа што јас го квалификував уште од самиот почеток …

Прочитајте повеќе »

Груби ги обвини ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие, го кажа датумот и саатот кога го прифатиле истиот текст на Законот за јазици

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не објаснуваат која е разликата меѓу текстот на Законот за употреба на јазиците кој го прифатиле во ланските преговори пред да се формира владината коалиција, во споредба со веќе еднаш усвоениот Закон, против кој партијата поднесе над 35.000 амандмани. Од таму тврдат дека не се работи …

Прочитајте повеќе »

Србија ќе воведе контрамерки за увоз на брашно од Македонија

Србија утре ќе воведе контрамерки за увоз на брашното од Македонија, како одговор на Правилникот за увоз на брашно од македонска страна, кој стапи на сила на 8 февруари. „Не можеме повеќе да чекаме, освен купување на време од нивна страна не видовме никаква подготвеност за решавање на проблемот“, изјавил министерот …

Прочитајте повеќе »