Македонија

Вести и новости од Македонија.

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

Ангелов: Спречено ширењето на пожарот над селото Будинарци

Ширењето на големиот шумски пожар над малешевското село Будинарци е спречено со предизвикување контра-пожар, рече претпладнево на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Тој рече дека на борбата со огнената стихија кај ова место ангажирани се повеќе од 500 лица, од кои 136 пожарникари од …

Прочитајте повеќе »

Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници

Во врска со пожарите во последното деноноќие ангажирани 588 полициски службеници

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на земјава биле ангажирани 588 полициски службеници, биле реализирани 222 мото-патроли и користени 175 возила. Деноноќно на терен се и припадниците на сите специјални единици …

Прочитајте повеќе »

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се дадени 17.679 вакцини

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се дадени 17.679 вакцини

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 543.597 …

Прочитајте повеќе »

Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

пожар

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од …

Прочитајте повеќе »

Сончево и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината

Сончево и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината

Денес времето ќе биде претежно сончево и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури. Во среда ќе има изолирана појава …

Прочитајте повеќе »

Утврдени 143 нови случаи на ковид-19, починале двајца пациенти

Утврдени 143 нови случаи на ковид-19, починале двајца пациенти

Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19: Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод …

Прочитајте повеќе »

МТСП: Надоместокот за попреченост од наредната година ќе се покачи за 15 проценти, креираме системски решенија за целосна инклузија на лицата со попреченост

МТСП Министерство за труд и социјална политика лого

Во врска со најавениот протест на Коалицијата „Менуваме“ информираме дека Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава. Потврда за тоа е и постојаното проширување на мрежата на дневни центри за децата со попреченост. Неодамна МТСП го отвори дневниот …

Прочитајте повеќе »

Даниловски: Потврдата за примени две дози не е гаранција дека лицето не е заразено

Даниловски: Потврдата за примени две дози не е гаранција дека лицето не е заразено

Откако Владата завчеравечер ги објави новите мерки за сузбивање на бранот нa ковид-19, имаше многу реакции во јавноста. Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, дава свое видување за потврдата за извршена имунизација, која ќе се бара во простории и објекти со повеќе од 30 лица. „Од 16 август се воведува задолжителна …

Прочитајте повеќе »