РЕТРО: НА МАКЕДОНИЈА НЕ Ѝ ТРЕБА ХАРП - ГО ИМА ДПМНЕ

РЕТРО: НА МАКЕДОНИЈА НЕ Ѝ ТРЕБА ХАРП – ГО ИМА ДПМНЕ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

Жално е и мачно да се слушаат сведоштвата за семејните трагедии на жителите од скопскиот регион зафатен со невремето. Уништени домови, насади со земјоделски производи, пцовисана стока, испревртени автомобили и земјоделска механизација… И она најстрашното: изгубени човечки животи.

И како по обичај, виновници нема! Или поточно кажано, виновни се сите освен тие кои по секоја основа треба и мора да понесат одговорност. Наместо да покажат доблест и уште првиот ден да поднесат оставки, носителите на највисоките функции во државните институции чија задача е да се грижат за материјалните добра и за животите на граѓаните, се пожалија на лошата судбина, на мајката природа, на светскиот заговор против „небескиот народ“, на ХАРП-от, па дури ја чувме и подзаборавената флоскула „Бранко е крив“!?

Тешко е да се каже која од овие тези е најмалоумна. Исто како што е невозможно да се издвои најнеспособниот државен функционер од актуелната владејачка гарнитура. Меѓутоа едно е сигурно: во услови кога државата ни ја води ДПМНЕ, за уништување на Македонија не е потребен никаков ХАРП! Арамиската дружина на чело со Грујо е и повеќе од доволна.

Вината нема стопан, ама виновниците за настанатата катастрофа не смеат да останат неименувани.

Коце Трајаноски веќе 11 години седи во градоначалничката фотелја. Од нив, 7 години е „татко“ на Град Скопје, а останатите 4 беше прв човек на Гази Баба, Општината чии неколку населени места минатата сабота ги зафати невремето кое однесе 22 човечки животи. Да не заборавиме дека Коце претходно помина 7 години и во Собранието на РМ, како пратеник на партијата која една деценија, извинете на изразот, ѝ е.ава мајката на државата.

Имајќи го во предвид фактот дека цели 18 години Коце се наоѓа на „државни јасли“, и тоа како функционер кој непосредно го претставува или раководи со регионот погоден од невремето, треба ли воопшто да се поставува прашањето за степенот на неговата вина? Кој друг ако не тој треба да биде повикан на одговорност за неизградените улици, локални патишта и канализациони мрежи, за неисчистените канали кои во комбинација со поројниот дожд го предизвикаа пустошот во Стајковци, Смиљковци, Црешево, Сингелиќ, Страчинци…?

За каков човек станува збор разбравме од еден од прислушуваните разговори, во кој Ставрески и Јанкулоска разговараат за скандалозниот тендер за превоз на ученици во Битола. Нарекувајќи го договорот „коруптивен до даска“, Ставрески појаснува дека битолскиот градоначалник побарал долговите на Општината да ги покрие Министерството за финансии, за што побарал поддршка од Коце. На тоа, поранешната прва полицајка ќе реплицира:

„Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести“.

Да беше Коце единствената слаба алка во мрежата на институции кои потфрлија тогаш кога беше најпотребно, последиците по жителите на загрозеното подрачје ќе беа многу помали. Ама кога ќе види човек кои се луѓето кои треба да ги превенираат или ублажат штетите, тогаш не ви останува ништо друго освен да бидете благодарни што катастрофата не попримила апокалиптички размери.

Така на пример имаме Премиер кој никој ниту во Владата, ниту во партијата го есапи за сериозно. Претседателот на државата е одамна апсолвирана несреќа сама по се себе и најмногу што во овие моменти може да направи за граѓаните и државата, е да прави селфи со учесниците на Охридско лето.

Прв човек на Управата за Хидрометеоролошки работи е кувар од партијата на рекордерот во менување партиски дресови од кривопаланечко Подржикоњ. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување е изгубен во просторот и времето, додека пак директорката на Центарот за управување на кризи сѐ уште никој ја нема видено и потрагата по неа низ албанските песочни плажи е во тек.

И како по правило, ништо не може да помине без главата на мафијата, чедото на мајка Нада кое е поголемо зло од сите несреќи кои досега заедно ѝ се случиле на Македонија. Одвратно е да се гледа неговата театралност и болна амбиција да се доминира во секоја ситуација, да се прави личен маркетинг од секоја човечка трагедија. Овој мизантроп кој мисли дека светот постои заради него, кому алчноста и лошотилакот му се читаат во очите, со две леви нозе и наопаку ставени ракавици парадира низ опустошените села и дополнително ги крева живците на локалното население.

Ние кои сето тоа го гледаме на ТВ, имаме среќа што со менување на каналот можеме да го амортизираме нагонот за повраќање предизвикан од појавата на оваа човеколика креатура. Луѓето кои се на терен ја немаат таа можност. Но затоа пак, ги имаат лопатите во раце и со еден замав можат да стават крај на еднодецениската голгота…

Автор:

Чеге Вара                         Прилеп, ебаго!…….(127) 

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …