СОБРАНИСКА НАЈАВА НА РАСПАДОТ НА СИСТЕМОТ

СОБРАНИСКА НАЈАВА НА РАСПАДОТ НА СИСТЕМОТ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години

Неопходен е надзор на родител или старател

Секој почеток има и крај. После 11 години изживување со граѓаните и безмилосно крадење на државата, Фамилијата заминува од политичката сцена. Без разлика уште колку итроштини ќе смисли и колку ресурси ќе злоупотреби, крајот на Грујо и неговите гавази е неизбежен и видлив и со голо око. Од некој кој во текот на целата своја политичка кариера злоупотребил сѐ што може да се злоупотреби само заради стекнување личен бенефит, веројатно ќе беше преоптимистички да се очекува достоинствено да замине од јавниот живот. Оти за тоа треба да се има достоинство. Оттаму, неговиот крај ќе биде ист како и дведецениската кариера: неславен и беден.

Маневарскиот простор за манипулирање со неговите досегашни следбеници се стеснува. Пораките кои до Груевски и Иванов ги испраќаат Брисел, Вашингтон и Берлин се директни и експлицитни и, како никогаш претходно, речиси недипломатски. Што е доказ повеќе за сериозноста на моментот и можноста од ескалација на состојбата. Од првиот се бара мирно да му ја предаде власта на новото парламентарно мнозинство, а од вториот да му го даде мандатот на Заев. Тоа што и двајцата се прават “на удрени“ повикувајќи се на малоумни тези и плашејќи ги граѓаните со распад на државата доколку го направат тоа што и според законите и според Уставот мора да го направат, потврдува дека станува збор за „салонски“ политичари, недораснати за функциите кои ги извршуваат.

Постојат мал милион показатели дека лидерот на ДПМНЕ не го интересира иднината на Македонија, туку исклучиво спасот на неговата кожа. Впрочем, дури и површната анализа на неговото практикување на власта, особено на периодот после „абдицирањето“ од премиерската функција, ги откриваат неговите најголеми грижи: како да приграби што поголемо богатство, и сега, откако тоа го направи, како да го скрие украденото а истовремено да не ја изгуби слободата!?

Она што се случуваше вчера, на првиот ден од продолжението на конститутивната седница на Собранието, повеќе од сигурно ќе го гледаме и во следните денови. Се разбира, доколку опозицијата не премине кон “план Б“ и не го прекине деструктивното сценарио на портокаловата банда напишано во барокната дивоградба. Нема дилема дека најголемата вина за смисленото блокирање на институциите на државата е дело на “главата“ на злосторничкото здружување кој, како и секоја кукавица и злосторник, избега од местото на злосторството. Тоа што само болен ум како неговиот може да смисли, во дело го спроведуваат послушниците на ДПМНЕ наречени „народни пратеници“.

Бранејќи го криминалот на Грујо, извршителите на неговите нарачки истовремено го бранат и сопствениот интерес. Оти многумина од нив дебело загазиле во матните води кои, за почеток, ќе ги бистри СЈО, а за многу скоро и реформираното и реновирано Јавно обвинителство. Ете затоа паниката им е и реална, и основана. Оти нивната инволвираност во бизнис зделки тешки стотици илјади евра, стекнатите станови и куќи, земањето мито од 5.000 евра па нагоре за посредување при вработување, вмешаност на нивни блиски роднини во незаконски активности…сѐ се тоа дел од причините заради кои пратениците на ДПМНЕ ја играат валканата игра и во собраниската сала, но и за време на “непартиските“ протести предводени од Дамовски, Бетмен и останатите слуги на режимот. Заради таквиот нивни бекграунд, заради нивната некритична и тенденциозна поддршка на озлогласената Фамилија, заради нивното соучесништво во разнебитувањето на државата, сите тие треба и мора да понесат одговорност. Сите до еден. Без исклучок.

А дека циркусот во Собранието и низ улиците на “33 градови“ се очајнички обиди на мафијашката братија да ја подзатвори ширум отворената излезна врата, сведочи и состојбата во куртонските медиуми.

Распадот на портокаловата пропагандна машинерија го навести штрајкот во весниците чиј газда е Срѓан Керим: „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“. На нив се надоврзуваат неисплатените плати за вработените во ТВ „Алфа“, состојбите во медиумот на криминалецот ем бегалец Сеад Кочан ТВ „Нова“, отказите за неколкуте партиски вувузели од останатите режимски телевизии…и така со ред. Возот тргна…

ПС: Имајќи ги во предвид нашиот менталитет и способноста за брзо прилагодување на промените и новонастанатите ситуации, можам да се кладам дека радосната вест за притворањето на чедото на мајка Нада, видно насмеан и возбуден, прв ќе ја соопшти еден од уредниците на гореспоменатите петпарачки телевизии!

Автор:

Чеге Вара                                            Прилеп, ебаго!…….(145)

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …