Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ севкупен победник на меѓународната регата во Бугарија

Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ – Струга изминатиот викенд, на 23 и 24 септември, учествуваше на силната меѓународна регата во Пловдив, Бугарија, каде учество зедоа и екипите на ВК „Палиќ“ од Србија, ВК „Черпоков“ Пловдив, ВК „ЦСКА“ Софија, ВК „Хеброс“ Пловдив, ВК „Бургас“ и домаќинот и организатор на оваа регата, ВК „Тракија“ Пловдив.

Македонскиот претставник ВК „Црн Дрим“ оствари одлични резултати и во севкупниот пласман го освои првото место. Поединечно, веслачите на „Црн Дрим“ ги постигнаа следните резултати:

  • Ана Прентоска го освои првото место во дисциплината скиф пионерки, а во дисциплината скиф кадетки заврши како втора;
  • Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф јуниорки;
  • Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки;
  • Леон Шутиноски и Андреј Симоновиќ го освоија првото место во дисциплината дубл кадети;
  • Цвете Димоски и Вања Кукунеш го освоија второто место во дисциплината дубл пионери;
  • Кристијан Китаноски го освои второто место во дисциплината скиф јуниори;
  • Александар Хиохи го освои четвртото место во дисциплината скиф пионери.

Струшките веслачи на оваа регата беа предводени од тренерите Игор Скепароски и Никола Мариноски и тим менаџерот Коста Хиохи.

„Со настапот на регатата во Пловдив ги потврдивме одличните резултати кои ги остваривме оваа година и успешно ја завршивме оваа сезона”, изјави претседателот на ВК „Црн Дрим“, Здравко Голабоски

Прочитајте повеќе

Овој викенд Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски џудисти во јуниорска конкуренција

Македонија одбројува до почетокот на првиот Европски џудо куп кој било кога се оддржал во …