Сите пратеници на претседателот

Сите пратеници на претседателот

Претставниците на ДУИ велат дека изборот на шефот на државата во Собранието бил модел за парламентарна демократија. Фактите се поинакви.

Пишува: Љупчо Поповски

Тоа е за мизансценот. Сега за она што е главната порака на ДУИ и нејзиниот кандидат за претседател, Бујар Османи. Никој не рекол дека во промовирањето на една идеја за време на избори не треба да се кажуваат полувистини, да се премолчуваат вистини, или да се кажуваат погрешни нешта. Во која држава и во која кампања не се случува тоа? Тешко дека би можело да се најде нормална демократија каде работите во кампања одат по една фина лента, каде работите се зборуваат како кога со бели нараквици мнимателно се фаќа скапоцен сребрен предмет.

Дали тврдењата за избор на претседател во Собранието со двотретинско мнозинство и со Бадентер би биле навистина висок дострел во македонската демократија, како што тврди во неколку интервјуа Османи? Се разбира дека не е. Изборот на македонскиот претседател е најважното нешто каде што граѓаните, сите граѓани, го имаат последниот збор, а не партиските структури. Без оглед што кандидатите се на партиите, па макар тие формално и не биле нивни членови. Еден кандидат мора да ги прескокне партиските меѓи за да може да биде избран за претседател. Во македонската политика тоа е вистинската убавина. И така избран може да има независен глас, онолку колку што му дозволуваат ингеренциите и онолку колку што тој сака, или онолку колку што не сака.

Извор: DW
Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Кузеска: Достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, …