Крушевчанецот Ставре Јада, по втор пат ќе настапи на Зимските олимписки игри, кои годинава ќе се одржат во Пекинг, Кина, од 4 до 20 февруари. Јада ќе настапи на спринтот од 1.4 километри, како и во маратонот од 50 км.
„По втор пат учествувам на едни Олимписки игри, и тоа во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореја во 2018 година. Годинава од 4 до 20 февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија, на Олимпијадата која ќе се одржи во Пекинг“, вели Ставре Јада.