Во падот на рускиот авион во градот Јеиск загинаа 13 лица

Во падот на рускиот авион во градот Јеиск загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица, меѓу кои три деца, загинаа при уривањето на руски воен авион во населбата Јеиск, на брегот на Азовското Море кај Украина, соопштија руските власти за преживеаните. „Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации. При падот се запалила една станбена зграда, а евакуирано било и блиското училиште, јавуваат локални извори. Руското Министерство за одбрана соопшти дека ловецот-бомбардер Су-34 се урнал откако еден од неговите мотори се запалил за време на тренинг лет. Пилотите успеале да скокнат од леталото пред падот, се додава во соопштението.

Руски воен авион се урнал во близина на станбена зграда

Според извештаите на локалните медиуми, пожарот зафатил пет ката од повеќекатната зграда, а бил зафатен уште еден блок од таа зграда. Руските власти започнаа истрага и испратија истражители на местото на несреќата. Јеиск лежи на спротивната страна на Азовското Море од брегот на јужна Украина, кој беше окупиран од Русија во војната што започна во февруари. Јеиск се користи како база за обука на поморската авијација.

Прочитајте повеќе

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим

Почина главниот пропагандист на севернокорејскиот режим

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. „Почина од …