Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

„Онлајн сервис служба“, бесплатна индивидуализирана едукација за деца со попреченост

Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ во партнерство со УНИЦЕФ и Министерство за труд и социјална политика, креираше платформа „Онлајн сервисна служба“ која нуди бесплатна, висококвалитетна и индивидуализирана едукација за деца со попреченост. Нивните специјални едукатори и логопеди за секое дете ќе дизајнираат индивидуализирани планови за онлајн часови и истите секое дете ќе може да ги …

Прочитајте повеќе »

Заврши изградбата на патот Волково – Прилепец – манастир „Св.Никола“

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), Николче Бабовски, денеска извршија увид на новоизградениот пат кој од село Волково, преку населеното место Прилепец води до манастирот „Св.Никола“. Градоначалникот Јованоски истакна дека …

Прочитајте повеќе »

Јованоски: За претстојниот продолжен викенд, доследно да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19

Денеска се одржа онлајн седница на Општинскиот кризен штаб, на која се разговараше за актуелната состојба со вирусот Ковид – 19 во државата и во општина Прилеп. Во изјавата за медиумите, дадена после завршувањето на седницата на Кризниот штаб, градоначалникот Илија Јованоски истакна дека за време на претстојниот продолжен викенд …

Прочитајте повеќе »

Гости, меѓу кои и лидер на партија во затворен дел во угостителски објект, следуваат кривични пријави за угостителскиот објект

Државниот пазарен инспекторат најави кривични пријави за угостителски објект на „Боемска улица“, којшто примал гости во затворен дел меѓу кои и лидер на политичка партија. Државниот пазарен инспекторат ќе поднесе две кривични пријави против угостителски објект на „Боемска улица“ во Скопје, каде што се примале гости во затворениот дел од …

Прочитајте повеќе »

Започна асфалтирањето на регионалниот пат помеѓу населените места Кадино Село и Галичани

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, заедно со претседателот на Општинскиот Совет, Миле Талевски и директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди, денеска извршија увид врз градежните работи на регионалниот пат помеѓу населените места Кадино Село и Галичани, каде во тек е асфалтирањето на овој патен правец. Реконструкцијата на овој …

Прочитајте повеќе »

Започна доградбата на канализационата мрежа во населеното место Големо Коњари

Во населеното место Големо Коњари започнаа активностите за изградба на канализациона мрежа, проект финансиран со средства од буџетот на Општина Прилеп, во висина од 9 милиони денари. Станува збор за доизградба на 2.200 метра примарна канализациона мрежа, откако во претходните години Министерството за транспорт и врски го изгради поголемиот дел …

Прочитајте повеќе »

Јанески: Поранешното раководство на „Водовод и канализација“ да објасни каде завршиле 5.000.000 денари за одржување на фонтаната пред „Комерцијална банка“

Раководството на ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп, во 2014 година склучило договор за одржување на градската фонтана кај „Комерцијална банка“, во висина од 5.000.000 денари, додека пак сегашниот раководен тим на претпријатието со 800.000 денари, успешно ги одржува трите фонтани во градот. Тоа, на денешната пресконференција го потенцираше актуелниот директор на …

Прочитајте повеќе »

Во полн ек е реконструкцијата на патната мрежа во градот и населените места

Изградбата на патната инфаструктура во општина Прилеп продолжува со несмален интензитет. Главната сообраќајна артерија на градот, булеварот „Гоце Делчев“, полека го добива новиот лик. Согласно проектот за негова комплетна реконструкција, на пешачката зона на едниот дел од булеварот веќе се поставени новите гранитни плочки како и тактилните траки за безбедно …

Прочитајте повеќе »