Балкан

Вести од Балканот

Во Охрид дводневен самит на Отворен Балкан

Во Охрид дводневен самит на Отворен Балкан

Започнува дводневниот самит на иницијативата Отворен Балкан на кој ќе учествуваат премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Дмитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Учество на самитот најавија и премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија и еврокомесарот …

Прочитајте повеќе »

Радев навестува референдум за Северна Македонија

Радев

Бугарскиот претседател не планира да се сретне со францускиот колега Макрон за Северна Македонија. Тој порача дека за ова прашање треба да се консултира народот, за што постојат уставни механизми. Бугарскиот претседател Румен Радев нема да учествува заедно со премиерот Кирил Петков на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон за Северна Македонија, но …

Прочитајте повеќе »

Поглед од Бугарија: Софија може да го добие тоа што го сака од Скопје

Поглед од Бугарија: Софија може да го добие тоа што го сака од Скопје

Замката во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија може лесно да се разбие и неутрализира. Потребно е само здрав разум и малку добра волја. Така Бугарија може да го постигне тоа што го сака. Пишува Даниел Смилов Бугарија не сака од Северна Македонија територија, ресурси, дури ни взаемно корисни проекти, …

Прочитајте повеќе »

Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

Почна летната сезона – масовно се заминува на работа покрај море

„Се нуди плата од 800 до 1.000 евра, се бара келнер/шанкер, 9 работни часа“ – ова е само еден од многубројните огласи за сезонска работа во Загреб, Хрватска. Почна летната сезона – оваа година „хит“ дестинација за сезонска работа во угостителството е токму Хрватска, пишува Порталб. Платите достигнуваат и до 1.500 …

Прочитајте повеќе »

Словенија добива левичарско-либерална влада, Роберт Голоб избран за премиер

Словенија Љубљана

Словенечкиот парламент синоќа со 54 гласа „за“ го избра Роберт Голоб, предводник на либерално-зеленото Движење Слобода за нов словенечки премиер којшто доаѓа на местото на Јанез Јанша, јавува весникот Индипендент. Изборот на Голоб доаѓа откако неговото движење како победник на парламентарните избори вчера потпиша коалициски договор со Социјалдемократите на Тања Фијон …

Прочитајте повеќе »

Петков: За кревањето на ветото од Бугарија ќе треба согласност во владината коалиција и парламентот

Петков: За кревањето на ветото од Бугарија ќе треба согласност во владината коалиција и парламентот

Бугарскиот премиер Кирил Петков како лажно го нарече обвинувањето на бугарската опозиција дека самиот преземал ангажман за да се крене блокадата од Бугарија за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, пренесува Бугарското национално радио. Во однос на очекувањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, за потребата од кревање на …

Прочитајте повеќе »

Литургија за помирување на МПЦ-ОА и СПЦ

Литургија за помирување на МПЦ-ОА и СПЦ

Во храмот „Свети Сава“ во Белград денеска треба да се одржи литургија на помирување на Македонската православна црква и Српската православна црква. Македонските владици во Белград беа пречекани со биење на камбани. Литургијата во Белград треба да започне во девет часот, а српскиот патријарх Порфириј, како што наведуваат српските медиуми, …

Прочитајте повеќе »

Седница на српскиот Совет за безбедност за Косово

Седница на српскиот Совет за безбедност за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ за денеска најави седница на Советот за национална безбедност, на која ќе се расправа за барањето на Косово за членство во Советот на Европа. Според него, Приштина покажала дека го прекршила Вашингтонскиот договор. „По 10 години газење на бриселскиот договор, сега го згазија и договорот од …

Прочитајте повеќе »