Глобус

Вести од светот

Тенковите за Украина ќе бидат први на агендата на новиот германски министер за одбрана

Тенковите за Украина ќе бидат први на агендата на новиот германски министер за одбрана

Првата точка на дневниот ред на идниот министер за одбрана на Германија ќе биде дали да и испорача борбени тенкови на Украина, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек. „Кога ќе се наименува новиот министер за одбрана, ова е првото прашање што треба да се реши конкретно“, рече тој на …

Прочитајте повеќе »

Вучиќ: огласот на Вагнер групата за регрутирање во Србија не е фер

Вучиќ: огласот на Вагнер групата за регрутирање во Србија не е фер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека огласот на руската паравоена група „Вагнер“ за регрутирање доброволци за војната против Украина, што го објави Раша Тудеј Србија, „не е фер“ и дека се знае оти тоа е спротивно на прописите и дека законот им забранува на српските државјани да учествуваат на …

Прочитајте повеќе »

Голем удар за Коза Ностра, уапсен босот Денаро

Голем удар за Коза Ностра, уапсен босот Денаро

Најбараниот италијански мафијашки бос, Матео Месина Денаро, беше уапсен од полицијата во приватна болница во Сицилија во понеделникот. Денаро беше во бегство од 1993 година, а осуден е за бројни злосторства. Познат под прекарот „Дијаболик“ и „Слабиот“, Месина Денаро беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата …

Прочитајте повеќе »

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Фајон по втор пат ја предупредува Подгорица: Можно е ЕУ да ги прекине преговорите со Црна Гора

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон вчера по втор пат ги предупреди властите во Подгорица дека постои голема опасност ЕУ да ги прекине пристапните преговори со Црна Гора, доколку не успее и шестиот обид за деблокада на Уставниот суд на оваа земја, пренесува Радио Слободна Европа. „Уставниот суд е приоритет …

Прочитајте повеќе »

Германската министерка за одбрана Ламбрехт поднесе оставка

Германската министерка за одбрана Ламбрехт поднесе оставка

Германската министерка за одбрана, Кристине Ламбрехт поднесе оставка. Тоа се случува кога Берлин е под зголемен притисок да дозволи испорака на борбени тенкови од германско производство во Украина, пренесе Би-би-си. Таа беше критикувана за неуспехот да ја предводи обновата на вооружените сили во Германија во позадината на војната во Украина. …

Прочитајте повеќе »

Бројот на загинати од рускиот напад на Днипро се искачи на 35 лица, убиени и две деца

Бројот на загинати од рускиот напад на Днипро се искачи на 35 лица, убиени и две деца

Украинските спасувачки екипи продолжуваат со пребарувањето на урнатините од уништениот станбен блок во градот Днипро, кој во саботата беше погоден во руски ракетен напад. Во чинот на агресија врз цивили досега загинаа 35 лица, од кои две се деца, пренесува Укринформ. Валентин Режниченко, раководител на регионалната воена администрација во Днипропетровскиот регион …

Прочитајте повеќе »

Спор околу безбедосната стратегија на Германија

Спор околу безбедосната стратегија на Германија

Како треба Германија да ги дефинира своите идни безбеднсни интереси? Во владата уште нема единство околу тоа. Спорен е првенствено односот кон Кина. На кој начин може Германија да ја осигура својата иднина? Каква е владината стратегија во однос на сојузници како САД, каква е во однос на Русија или …

Прочитајте повеќе »

Бројот на загинати во рускиот напад врз зграда во Украина се искачи на 20

Бројот на загинати во рускиот напад врз зграда во Украина се искачи на 20

Бројот на загинати од вчерашниот руски ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро се искачи на 20, изјави денеска регионалниот гувернер Валентин Резниченко. Тој рече дека 73 лица биле повредени во нападот во Днипро, само еден од неколкуте украински градови кој што беше цел на руски ракети …

Прочитајте повеќе »