Македонија

Вести и новости од Македонија.

Вчерашното невреме предизвика хаос во автокампот Љубаништа

Вчерашното невреме предизвика хаос во автокампот Љубаништа

Невреме проследено со силен ветер и дожд, синоќа го зафати охридското крајбрежје. Најголеми штети се причинети во автокампот Љубаништа, каде силниот ветер корнел и кршел дрвја, кои паѓале врз камп приколките и шаторите. Невремето причини голема материјална штета, но за среќа, како што јавуваат туристите кои летуваат во автокампот, нема …

Прочитајте повеќе »

Денеска сончево со слаб северен ветер

сончево време

Времето денеска ќе биде сончево, со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 30 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Прочитајте повеќе »

Министерот Димитров на Меѓународна конференција за слобода на медиумите во Лондон

Министерот Димитров на Меѓународна конференција за слобода на медиумите во Лондон

Делегацијата на Владата, составена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски на покана на Владата на Обединетото Кралство, денеска и утре престојуваат во работна посета на Лондон. На првиот ден од Конференцијата за слобода на медиумите, шефот на владината делегација, …

Прочитајте повеќе »

Интервју на Претседателот Пендаровски за Телевизијата N1

Интервју на Претседателот Пендаровски за Телевизијата N1

Знам дека Европската унија се бави сама со себе, но таа мора да знае дека ние на Балканот сме 30 години во транзиција и мораме да видиме светло на крајот од тунелот, изјави претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за Телевизијата N1, за време на неговото учество …

Прочитајте повеќе »

Второпласираниот на Светската листа на параглајдинг, Борјан Јованоски на средба со градоначалникот Илија Јованоски

Второпласираниот на Светската листа на параглајдинг, Борјан Јованоски на средба со градоначалникот Илија Јованоски

Градоначалникот Илија Јованоски денеска во својот кабинет го прими еден од најдобрите прилепски спортисти, Борјан Јованоски кој на Светската ранг листа во параглајдинг се наоѓа на второто место. Заедно со својот брат Мартин Јованоски, кој пред неколку години се искачи на највисокото место на Светската ранг листа на параглајдеристи, како …

Прочитајте повеќе »

Средби на претседателот Пендаровски во рамки на учеството на самитот на ПСЈИЕ во Сараево

Средби на претседателот Пендаровски во рамки на учеството на самитот на ПСЈИЕ во Сараево

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Сараево оствари билатерални средби со претставници на земјите-учеснички на самитот. На средбата со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, …

Прочитајте повеќе »

Општина Битола: Решението за Копанки е спроведување на законската процедура за постапување со бесправно изградени објекти

Општина Битола: Решението за Копанки е спроведување на законската процедура за постапување со бесправно изградени објекти

Соопштение на Општина Битола: Донесувањето на Решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот Копанки е утврдена на ПСК Пелистер, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Решението …

Прочитајте повеќе »

Заев: Бев измамен од организирана структура која е против нашето членство во НАТО

Заев: Бев измамен од организирана структура која е против нашето членство во НАТО

За жал станав еден од измамените од страна на добро организирана и инвентивна структура, која е насочена против личности и земји насочени кон евроатлантски аспирации за да им се наштети, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која ја одржа по повод објавеното видео на „Јутјуб’“ од руските „пранкери“ Владимир …

Прочитајте повеќе »