Македонија

Вести и новости од Македонија.

МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределбата на пензиите

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), известува  дека во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, поради скандалот со пензиите кој го откри Министерството за труд и социјална политика (МТСП). „Исто така, МАПАС ја известува јавноста дека ќе …

Прочитајте повеќе »

Нобеловката Бушамауи и официјално ги предложила Заев и Ципрас за Нобеловата награда за мир за 2019 година

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, прими писмо од Уидед Бушамауи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015 година, со кое го известува премиерот Заев дека и официјално испратила писмо до Комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и грчкиот премиер Ципрас да бидат кандидати за …

Прочитајте повеќе »

Објавен повикот за предлагање членови на Советот на млади на општина Прилеп

„Комисијата за општествени дејности и заштита на правата на децата при Советот на општина Прилеп, распишува повик за предлагање на кандидати за членови на Советот на млади на општина Прилеп. Советот на млади е тело чија основна цел е активно вклучување на младите во јавниот живот во општина Прилеп и …

Прочитајте повеќе »

Новиот бугарски амбасадор во посета на Битола

Новозназначениот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, неговата екселенција Ангел Ангелов, денес ја оствари првата работна посета на Битола. Амбасадорот, заедно со генералниот конзул на оваа земја во Битола Димитар Иванов, на средбата со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, се запознаа со тековните активности на општината, како и …

Прочитајте повеќе »

Средба Заев – Тимоние: Македонија е на добар пат, останува силната поддршка на Франција на патот до ЕУ и НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, со кого разговараше за прашања поврзани со актуелната политичка ситуација во земјата, вклучувајќи го и усвојувањето на уставните измени во Парламентот во согласност со Преспанскиот договор и продолжувањето на реформите со цел интегрирање на земјата во евроатлантските …

Прочитајте повеќе »

Јанкуловска сама во суд, расправата одложена

Апелацискиот суд денеска требаше да одлучува по жалбата на Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи за случајот „Тенк“. Јанкуловска доби шест години затворска казна за  местење на спецификациите од тендерот за „мерцедесот“ во вредност од 600.000 евра. Расправата се одложи за 25 февруари поради отсуство на нејзините адвокати. За истиот …

Прочитајте повеќе »

Со заем од ЕБОР од 10 милиони евра, ќе се набават 35 еколошки автобуси за Скопје

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе овозможи набавка на 35 нови автобуси на компресиран природен гас (КПГ) за Скопје, како одговор на растечката побарувачка за почист и поодржлив јавен превоз. Новите автобуси ќе ги намалат емисиите на јаглерод диоксид за најмалку 15 отсто. „Заем гарантиран со државна гаранција …

Прочитајте повеќе »

Скопје денеска најзагаден град во светот

Сервисот „Ер Вижуал“ кој постојано ја следи состојбата на загадувањето на воздухот во големите градови во светот претпладнево го стави Скопје на врвот на светската листа, со индекс од 217 според AQI. По Скопје е Дака, Бангладеш, со индекс 189, па Чонгќинг во Кина со иста вредност. Подолу, со индекс 186 е …

Прочитајте повеќе »