Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

Патната инфраструктура, главен проблем на стопанствениците од Пелагонискиот регион

Патната инфраструктура, главен проблем на стопанствениците од Пелагонискиот регион

Во работна посета на Прилеп денеска престојуваа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. На средбата во кабинетот …

Прочитајте повеќе »

„Панорама“ и’ намигнува на „Белата палата“

„Панорама“ и’ намигнува на „Белата палата“

Пишува: Зоран Милошески Како граѓани, независно од националната, верската или партиската припадност, ако од нешто не смееме да се пожалиме, тоа е дека на нашата политичка сцена никогаш не е досадно. Било да станува збор за случувања во Собранието, во зградата на „Илинденска“ или пак во партиите, збиднувањата се престигнуваат …

Прочитајте повеќе »

Пуштена веб-страницата „Vakcinacija.mk“, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација против ковид-19

Пуштена веб-страницата „Vakcinacija.mk“, граѓаните можат да се пријавуваат за вакцинација против ковид-19

Министерството за здравство доцна попладнево информира дека е пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19. -Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина, може да се пријави на веб-страницата. Потребно е да се пополни апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација. Со …

Прочитајте повеќе »

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за доверба на Мицкоски

Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за доверба на Мицкоски

Иницијативниот одбор (ИО) закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје со главни точки – Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба, соопшти денеска ИО за закажување вонреден партиски конгрес. „Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, …

Прочитајте повеќе »

Министерството за правда ги испрати документите за екстрадиција на Игор Спасов

Министерството за правда ги испрати документите за екстрадиција на Игор Спасов

Нашата земја и официјално побара екстрадиција на Игор Спасов. Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, Министерството за правда го испрати барањето до бугарските власти, кои понатаму ќе постапуваат по истото. Барањето за екстрадиција го потпиша министерот за правда Бојан Маричиќ. Бугарската полиција го уапси Спасов на први …

Прочитајте повеќе »

Владата ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески”

Владата ја усвои Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”

Министрите во Владата на денешната седница ја разгледаа и прифатија Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Национална програма, која годинава е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. На седницата на Владата е …

Прочитајте повеќе »

Заев со претставници на Сојузот на средношколци: Владата е отворена низ дијалог за изнаоѓање компромисно решение во поглед на барањата за државната матура

Заев со претставници на Сојузот на средношколци: Владата е отворена низ дијалог за изнаоѓање компромисно решение во поглед на барањата за државната матура

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска прими претставници на Сојузот на средношколци, на нивна иницијатива и разговараа за нивните барања за модифицирање на државната матура односно намалување на предметите од четири на два и скратени наставни програми. Средношколците, како претставници на Сојузот му ги образложија на премиерот Заев своите барања, …

Прочитајте повеќе »

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд со заеднички контроли кај работодавачи што не исплатиле плати, а земале финансиска поддршка

Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд со заеднички контроли кај работодавачи што не исплатиле плати, а земале финансиска поддршка

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска на денешната прес-конференција информираа за заедничките контроли што ги спроведоа УЈП и ДИТ врз работодавачи на кои им била исплатена финансиска поддршка за исплата на плати и истите не ја префрлиле на сметката …

Прочитајте повеќе »