Глобус

Вести од светот

Зеленски со апел до мајките на руските војници

Зеленски

Седумнаесетиот ден од руската инвазија започна со експлозии во неколку украински градови. Претседателот Зеленски претходно ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите синови во војната во неговата земја. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето последно видео обраќање ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на …

Прочитајте повеќе »

Залутано од завојувана Украина?: Беспилотно летало се урна во Загреб

Залутано од завојувана Украина?: Беспилотно летало се урна во Загреб

Од утрината во хрватските медиуми има само една тема: Што всушност се случи претходната вечер нешто по 23 часот? Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека се урнало беспилотно летало од руско производство. Во загребската населба Јарун и во соседните населби се слушна силна експлозија. Жителите ги напуштија своите домови, многумина ја …

Прочитајте повеќе »

Руските напади се проширија кон запад, бегалците сведочат за убиени цивили во Украина

Украина ракетирање

Руските трупи утринава ги ракетираа и ги погодија аеродромите во западните градови Луцк и Ивано-Франковск во нова серија на напади. Тие, исто така, го бомбардираа централно-западното упориште Днепар за прв пат од почетокот на инвазијата, која почна пред нешто повеќе од две недели. Би-Би-Си пренесе и дека сателитските снимки направени …

Прочитајте повеќе »

Русија подготвува национализација на странски имот

Русија подготвува национализација на странски имот

Руското Министерство за економија подготви нацрт закон кој има за цел да го спречи сè поголемото повлекување на меѓународниот бизнис од Русија поради војната во Украина. Предлог законот поставува и темели за национализација на странски имот во Русија. Нацрт законот предвидува државната банка Внешекономбанк и државната агенција за извозни гаранции …

Прочитајте повеќе »

Фотографија на денот: Спас од руските напади во плиток ров

Фотографија на денот: Спас од руските напади во плиток ров

На 16-тиот ден од војната во Украина, руската војска за првпат од почетокот на инвазијата ги ракетирала градовите Днепар и Луцк. Се јавува и дека руски воени конвои се приближуваат и се распоредуваат околу Киев. Слика од тегобното секојдневие во Украина на шеснаесетиот ден од војната. Украински војник се крие …

Прочитајте повеќе »

Меѓународниот Црвен крст – Нема храна за децата во Мариупол

Меѓународниот Црвен крст - Нема храна за децата во Мариупол

Многу луѓе во опколениот украински град Мариупол останаа без храна за своите деца, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). МКЦК наведува дека во градот нема вода и греење, каде повеќе од една недела над 400.000 луѓе се под опсада од руските сили. Тимот на МКЦК во Мариупол вели дека …

Прочитајте повеќе »

Нови воздушни напади на Мариупол

Нови воздушни напади на Мариупол

Продолжуваат воздушните напади на пристанишниот град на Црното Море, Мариупол, соопштуваат градските власти во објава преку социјалната мрежа Телеграм. Поради бомбардирањето, хуманитарниот конвој кој се обидувал да стигне до градот се вратил, се наведува во објава на социјалните мрежи од страна на потпретседателот на украинската Влада, пренесува Ројтерс. Градот е …

Прочитајте повеќе »

Русија сепак потврди дека млади регрути кои не се професионални војници се борат во Украина

запленета и уништена воена техника воукраина

Руската армија вчера за првпат потврди дека млади воени регрути учествувале во воениот напад врз Украина, кој трае веќе две недели. Оваа информација ја пренесоа и светските медиуми, но изненадувачки таа пронајде простор и во руските државни медиуми. Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека дел од …

Прочитајте повеќе »