Глобус

Вести од светот

Заев: Си помагаме кога е тешко, заедно сме и во добро и во лошо

Заев: Си помагаме кога е тешко, заедно сме и во добро и во лошо

Ние сме заедно и во добро и во лошо, оваа трагедија ќе има позитивно влијание врз односите на двете земји. Тука сме да си помогнеме кога е тешко, сите институции соработуваат, и тоа е пораката и кон двете земји и кон народите на двете земји. Тука сме и да си …

Прочитајте повеќе »

Фотографија на денот: Во потрага по причините за трагедијата кај Боснек

Фотографија на денот: Во потрага по причините за трагедијата кај Боснек

Бугарското јавно обвинителство започна истрага на местото на страотната сообраќајна незгода со која треба да се утврдат причините за запалувањето на македонскиот автобус. Бугарските власти се сомневаат во две причини. Грешка на возачот или ненадеен технички дефект на автобусот се можни причини за несреќата во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, …

Прочитајте повеќе »

Смртоносна предбожиќна парада во Висконсин

Смртоносна предбожиќна парада во Висконсин

Возило влета во толпа луѓе на парада во предградие на Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Властите во Ваукеша јавија за најмалку пет загинати и повеќе од 40 повредени. Едно лице е приведено. Најмалку пет лица настрадаа, а повеќе од 40 се повредени кога возило влета во толпа луѓе собрани …

Прочитајте повеќе »

Румен Радев освои втор претседателски мандат на изборите во Бугарија

Румен Радев освои втор претседателски мандат на изборите во Бугарија

Актуелниот бугарски претседател Румен Радев освои втор мандат на функцијата на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Бугарија. Според обработени над 99 отсто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија утрово објави дека Радев освоил 66,7 отсто од гласовите на бугарските избирачи, додека противкандидатот од ГЕРБ Анастас Герџиков добил 31,8 …

Прочитајте повеќе »

Истрага против две лица од Пакистан и малолетници од Авганистан кои криумчареле и малтретирале мигранти

Истрага против две лица од Пакистан и малолетници од Авганистан кои криумчареле и малтретирале мигранти

Две полнолетни лица од Пакистан и двајца малолетници од Авганистан се осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Тие биле дел од организрана група која создала импровизирани кампови за мигранти во близина на границата со Србија. Осомничените им ги земале мобилните телефони на мигрантите, ги …

Прочитајте повеќе »

Австрија од 1 февруари планира задолжителна вакцинација против ковид-19 за сите граѓани

Вакцинирање Вистиномер

Од 1 февруари 2022 година сите граѓани на Австрија ќе мора да бидат вакцинирани против ковид-19, со исклучок на оние лица кои поради медицински причини не можат да примат вакцина. Австрискиот премиер Александер Шаленберг веќе најави дека владата ја разгледува законската основа за воведување на ваква обврска за граѓаните, јавува Гардијан. …

Прочитајте повеќе »

Австрија воведува локдаун за сите граѓани, од февруари задолжителна вакцинација

Австрија воведува локдаун за сите граѓани, од февруари задолжителна вакцинација

Поради растечкиот број на новозаразени, во Австрија од понеделник ќе важи локдаун за целото население, најави канцеларот Александер Шаленберг. Австриската влада, по средбата со претставниците на покраините, најави воведување „заклучување“ на јавниот живот за 10 дена со можност да биде продолжено за уште 10 дена. Но, училиштата би требало да …

Прочитајте повеќе »

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Екипите на брзата помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во канадската провинција Британска Колумбија, кои беа отсечени откако поплавите и свлечиштата уништија патишта, куќи и мостови, објави Гардијан. Канадските медиуми веќе објавија дека тоа би можело да биде најскапата природна катастрофа во историјата на Канада. Премиерот на Британска Колумбија, …

Прочитајте повеќе »