Македонија

Вести и новости од Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба за преговорите за името

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името. Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ …

Прочитајте повеќе »

Петковски: Една изборна единица и отворени листи

НСДП на Тито Петковски го одржува Четвртиот конгрес со 500 делегати од повеќе градови. Во воведниот говор пред присутните, досегашниот лидер на партијата, кој со неа управува од самиот почеток, односно 13 години, рече дека е политичко самоубиство настапот на избори надвор од двете најголеми политички партии, според Донтовиот модел …

Прочитајте повеќе »

Вонреден инспекциски надзор во „Макстил“

Државниот Инспекторат за животна средина вчера изврши вонреден инспекциски надзор во фабриката „Макстил“, каде што гореше отпадно железо. Во соопштението на Државниот Инспекторат за животна средина и просторно планирање, стои дека погонот Челичарница согласно известувањето од 30 април годинава, не е во функција од 29 април, како и во моментот …

Прочитајте повеќе »

Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио

Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина. …

Прочитајте повеќе »

„Слободата и интернетот во Македонија“: Приватноста, лажните вести и говорот на омраза се новите предизвици

Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје се одржa конференцијата „Слободата и интернетот во Македонија“ во организација на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ како дел од одбележувањето на 25-годишнината од постоењето на Фондацијата Отворено општество Македонија(ФООМ) – #ФООМ25. На конференцијата се дискутираше за развојот на интернетот во земјава, …

Прочитајте повеќе »

Во прилепската болница се санираат последиците од паѓањето на таванот

Неквалитетно поставениот држач на носачот, што ги држи картонските гипс плочи, била причината поради што дошло до паѓање на плафонот во соба бр.2 од хируршкото одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“. Тоа на денешната прес конференција го истакна директорот на болницата, Драги Богојески, најавувајќи дека ќе биде направена целосна …

Прочитајте повеќе »

Раководството на САСА и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и рудникот за олово и цинк Саса потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата, која што компанијата ја достави до синдикатот на 26 април. „Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија металс“, веруваат дека со …

Прочитајте повеќе »

Шакири: Се повлекувам за да не трпи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Џезаир Шаќири, поранешен командант на ОНА, кој веќе неколку дена се наоѓа во центарот на вниманието на македонската јавност откако стана надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот, денеска по најавата од Заев, во изјава за државната новинска агенција МИА, потврди дека ја напушта функцијата. – Причината …

Прочитајте повеќе »