Глобус

Вести од светот

Лукашенко положи заклетва за претседател, САД и ЕУ не го признаваат за легитимно избран

Александар Лукашенко за САД не е легитимно избран претседател, изјави претставник на Стејт департментот по вчерашното ненајавено положување заклетва на Лукашенко за нов претседателски мандат. „Изборите на 9 август не беа ниту слободни, ниту фер“, го пренесува Си-ен-ен ставот на американските власти. Официјалниот став на САД за непризнавање на Лукашенко …

Прочитајте повеќе »

Најмалку 33 жртви во пожарите во САД

Најмалку 33 лица загинаа во пожарите кои го зафатија западниот брег на САД, од Калифорнија на југ до државата Вашингтон на север. Пожари има во Калифорнија, Орегон и Вашингтон, а квалитетот на воздухот значително се влошил поради пепелта, јавија локалните медиуми. Спасувачките екипи, со помош на обучени кучиња, обиколуваат загрозени …

Прочитајте повеќе »

Белорусија: Како функционира пропагандата на Лукашенко?

Од почетокот на протестите во Белорусија сѐ повеќе новинари од државни медиуми даваат откази, ги заменуваат руски новинари. Што критикуваат и како функционира пропагандната машина во земјата? ДВ разговараше со дел од нив. Притисокот врз критичките новинари во Белорусија продолжува да се зголемува. За време на протестите беа уапсени голем …

Прочитајте повеќе »

Словенија ги лансираше своите први сателити во вселената

Првите сателити на Словенија, NEMO-HD и TRISAT, беа лансирани во вселената во четвртокот со ракетата Вега ВВ16, информираат од словенечкото Министерство за економија. Европската вселенска агенција ја лансираше ракетата Вега од Француска Гвајана носејќи во орбитата 53 сателити од 21 клиент од 13 земји, се вели во соопштението на Министерството. …

Прочитајте повеќе »

Преголема Црна Гора или премала Србија?

Владејачката Демократска партија на социјалистите претрпе големи загуби на парламентарните избори во Црна Гора. Сега партијата на претседателот Мило Ѓукановиќ мора да стравува од губење на власта.   Земја меѓу Истокот и Западот? Верен сојузник за ЕУ и НАТО? Игралиште на еден автократ и неговото семејство? За Црна Гора може …

Прочитајте повеќе »

Црна Гора: Тесно мнозинство за опозицијата

Демократската партија на социјалисти на Ѓукановиќ, која три децении управува со земјата, првпат ги загуби изборите. Но, опозицијата има тесно мнозинство кое треба да се преточи во коалиција. Во Никшиќ дојде до инцидент. Прелиминарните податоци на набљудувачите од Центар за мониторинг и истражување (ЦЕМИ) покажуваат дека владејачката Демократска партија на …

Прочитајте повеќе »

Во светот скоро 25 милиони заразени од коронавирус

Бројот на случаи на коронавирус ширум светот се ближи да надмине 25 милиони, според извештаите на новинските агенции, при што бројот на новозаразени забрзано расте во Индија. Регистрирани се повеќе од 840.000 смртни случи во целиот свет, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс кој покажуваат дека вкупниот број на случаи …

Прочитајте повеќе »

Црна Гора: Неизвесни избори и страв од инциденти

Граѓаните на Црна Гора во недела гласаат на парламентарните избори. Се стравува дека и власта и опозицијата би можеле да прогласат победа и да се повтори сценариото на „државниот удар“ од изборите во 2016. Изборите во демократските општества по дефиниција се „празник на демократијата“, но во Црна Гора одамна се …

Прочитајте повеќе »