Македонија

Вести и новости од Македонија.

Стејт департментот виде потчинети медиуми, напади врз новинари и недоверба на јавноста

Бројни проблеми со закани и напади со новинари, медиуми потчинети на политиката и економските интереси и недоверба на јавноста во медиумите се дел од крупните проблеми што ги нотира извештајот за состојбата со човековите права за 2017 година за Македонија, подготвен од Стејт департментот на САД. „Уставот обезбедува слобода на …

Прочитајте повеќе »

Дејан Митревски-Урко не се појави во суд, судијката побара да го повикаат по телефон

Дејан Митревски -Урко денеска не се појави во Кривичниот суд каде што требаше да сведочи за случајот на СЈО „Тенк“, во кој обвинет е Никола Груевски за набавка на „мерцедесот“ од речиси  600.000 евра. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во судница, поради што судијката …

Прочитајте повеќе »

На собраниски комисии извештајот на СЈО и предлог-законот за АВМУ

Во Собранието денеска седници ќе имаат комисиите за одбрана и безбедност, за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија. Извештај за сработеното во периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО), …

Прочитајте повеќе »

Народна банка ги претстави првите полимерни банкноти, кои од 15 мај влегуваат во оптек

Народна банка го претстави сликовниот приказ на првите полимерни банкноти на Македонија, кои на 15 мај влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари. „Основната разлика помеѓу овие и книжните банкноти од истата апоенска вредност е материјалот кој се користи како подлога за печатење. Хартијата изработена …

Прочитајте повеќе »

Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името. Тој во изјава за агенцијата Франс прес, која ја пренесува МИА, додаде дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“. – Верувам дека никогаш не сме имале подобри …

Прочитајте повеќе »

Извештаите на Државна ревизија потврдија: Стевче Јакимовски правел лом!

Големи нерегуларности во финансиското работење на поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски, открива извештајот на Државниот завод на ревизија (ДЗР), кој се фокусира на ревизија на 2016 година, но обелоденува и крупни пропусти и проблеми од претходните години. Извештаите веќе се јавно достапни и нивното внимателно исчитување открива …

Прочитајте повеќе »

Стејт департмент: Неказнивоста останува најголем проблем во Македонија

Владата преземала некои мерки за истражување, гонење и казнување на претставници кои извршиле злоупотреби, вклучително полицајци виновни за употреба на прекумерна сила, но „неказнивоста останува широко распространет проблем“, се наведува во најновиот извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во 2017 година, а пренесува Радио Слободна Европа. …

Прочитајте повеќе »

„3Д“ пешачки премини на улиците во Скопје

“3Д“ пешачки премини на скопските улици. Ова е пилот – проект, кој ќе се користи на неколку места, за да се спречат сообраќајните незгоди. Тридимензионалната форма на пешачките премини се нацртани кај Музејот на современата уметност. Директорот на улици и патишта, Сенад Смаиловиќ, вели дека овие цртежи создаваат оптичка илузија …

Прочитајте повеќе »