Пари

Вести од светот на парите и финансиите.

АЕТМ: Прометот кај домашните е-трговци во 2020 пораснал за 135% споредено со 2019 година

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележува значително забрзан раст. И во Република Северна Македонија се забележува значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализини со домашни картички кон домашни е-трговци. Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната …

Прочитајте повеќе »

УЈП почна да ги генерира Годишните даночни пријави за 2020, граѓаните до 31 мај треба да ги потврдат

Управата за јавни приходи (УЈП) ја информира јавноста дека започнале со активноста за генерирање и доставување на претпополнетите Годишни даночни пријави за 2020 година за утврдување на данок на личен доход, информираат од УЈП. Тие ги повикуваат регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за …

Прочитајте повеќе »

FINANCE THINK: ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД БЛОКАДАТА НА СОБРАНИЕТО

Во почетокот на март 2021, Finance Think ја коригираше проекцијата за раст на економијата во 2021 на 4.1%, со нагласени ризици за нејзино понатамошно влошување. Веќе во текот на март 2021 забележуваме материјализација на овие ризици, односно 1) избувнувањето на третиот бран од коронавирусот Ковид-19; и 2) продолжената неизвесност околу …

Прочитајте повеќе »

Министерството за финансии започнува голема реформа за унапредување на фискалната децентрализација

Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа – ова се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии и за кој достави информација до Владата која …

Прочитајте повеќе »

Одобрени уште 3,6 милиони евра кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

Нова група од 337 кредитни барања е одобрена од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста „ЕУзаОтпорност“ од ИПА-програмата, информираат од Развојна банка. „Вкупно досега, од кредитната линија за која се предвидени средства до 31 милион евра, се одобрени …

Прочитајте повеќе »

Потрошувачката кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари

Минималната потрошувачка кошничка во февруари изнесувала 33.702 денари, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу пари или 14.078 денари биле потребни за храна и пијалоци, 10.825 денари за потребите во домот и 2. 478 денари за превоз. За обувки и облека биле потребни минимум 2.131 денар, а за …

Прочитајте повеќе »

Истражување на ЦГК: Пола од вкупниот данок на имот во земјава се прибира во Скопје

За данок на имот од граѓаните и од фирмите, сите општини во државава заедно, годишно во просек наплатуваат по 1,3 милијарди денари, односно 21 милион евра. Просечната годишна наплата на овој данок се движи околу 81 процент. Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 отсто, …

Прочитајте повеќе »

Странските директни инвестиции лани достигнаа 239 милиони евра

Народна банка НБРСМ

Во текот на четвртиот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 95,3 милиони евра, како резултат на зголемените инвестиции во меѓукомпанискиот долг и сопственичкиот капитал (за 145,7 и 19,5 милиони евра, соодветно), при намалена реинвестирана добивка за 69,9 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. …

Прочитајте повеќе »